Како полесно до работа во Германија?

Според Штефен Рудолф, член на работничкиот совет на големата фирма за посредување персонал „Рандстад“, доколку барате работа во Германија, се исплати да барате признавање на Вашата диплома.
„Рандштад“ е фирма за посредување и изнајмување на работници на одредено време на други претпријатија, и има склучено договори со 50.000 луѓе во Германија. 45 проценти од нив се со водат со пониски квалификации, како помошници. Рудолф појаснува:„Но, ние не знаеме кој каква диплома има од странство. При првото запознавање можеме да констатираме со какви квалификации и знаења некој располага. Ако се стекне впечаток дека е потребно, се грижиме да се соберат сите документи и заеднички ја водиме постапката за признавање на дипломата. ’Рандштад’ ги презема трошоците за признавање, а ако треба, исто така и за дополнително полагање испити и квалификување, сеедно дали целосно или во соработка со некоја програма за поддршка или агенцијата за вработување“.

И фирмите се обезбедуваат себе си

Во меѓувреме, и помалите фирми ги поддржуваат своите вработени, на пример Хорст Буш Електротехник од Хамбург. Фирмата ги плати трошоците за постапката за признавање на кфалификациите за еден полски, еден британски и еден бугарски соработник. Сега тројцата можат да бидат ангажирани на градилиштата како електричари. Всушност, за оваа професија не е предвидено формално признавање. Но, со струја не може и не смее да работи секој, па така на овој начин и самата електро- фирма се обезбедува себе си во однос на муштериите.
„На фирмите им е потреба стручна работна сила за одредени задачи. Инаку, осигурувањето нема да прифати да плати за штетите. Затоа, ние ги охрабруваме нашите вработени да извршат постапка на признавање на дипломата или квалификацијата“, вели Петер Кирнер од организацијата ИКу (Интеграција преку квалификација“. Иако, вака не размислуваат сите работодавачи:
„Некои се среќни што не мораат да ги плаќаат своите вработени според тарифните договори“.

Признавањето на дипломата се исплаќа

Болниците и старските домови уште претходно ги испраќаат оние кои конкурираат кај нив на советување, покажува извештајот на Сојузниот институт за стручно образование.За професиите во здравството и за негувателите важи правилото за т.н. реглементација, односно тие смеат да се извршуваат само со претходно целосно признавање на дипломата. Во оваа бранша веќе постои голем недостиг на стручни работници. Тоа го објаснува ангажманот на работодавачите. Но, не се сите шефови исти и дали се исплаќа да се биде активен и да се платат неколку стотици евра од свој џеб за да се добијат потребните документи? Има ли потоа изгледи за нова работа, повисока платна група, поголем респект или останува се‘ по старо?
Толку конкретни никој не може да каже. Досега не постојат податоци што се случило подоцна со подносителите на барање за признавање на дипломата. Една репрезентативна анкета на Институтот за истражување на пазарот на труд и професиите при Агенцијата за труд меѓутоа констатира: при целосното признавање на дипломата за една третина се намалува ризикот да се биде вработен под своите квалификации. Приходите се зголемуваат за повеќе од една четвртина. Помага и позитивно делува дури и само делумното признавање на дипломата, иако не толку многу.

И фирмите на потег

Германската влада до 2021 година ќе го зголеми буџетот за поддршка на советувањето, јазичните курсеви и дообразованието преку средства од Европскиот социјален фонд.
„Но, ние гледаме значителен потенцијал и кај фирмите“, вели Мари-Луиз Ведерн, референтка за признавање на странски дипломи и квалификации во Сојузното министерство за образование. Претпријатијата, на пример, би можеле да го финансираат приспособувањето за одредени квалификации за своите вработени или оние кои се пријавуваат за работно место. Освен тоа, можат да стават на располагање свои вработени како инструктори и наставен персонал.
Многу фирми со недоверба гледаат на признанијата на дипломите.
„И ние имаме искуства според кои знаењата се застарени и недоволни“, вели Штефен Рудолф. Но, ако постои таков случај, тие конкретниот работник не го испраќаат во некоја фирма: „Можно е, се разбира, да се побара фирма во која барањата не се толку високи. Но, јас сепак радо би избегнал такви ситуации преку друга постапка-констатирање на фактичките знаења додека трае постапката за признавање на дипломата“. Зашто, службите одлучуваат според документите, какви сличности и разлики постојат во образованието за една професија во странство во споредба со германското. Проверка преку пробна работа, тестови или стручни разговори е предвидена само во исклучителни случаи, на пример ако некој бегалец не поседува кај себе веќе никакви документи. Практичниот испит е скап, а засега не постојат стандардизирани постапки. Дека патот низ бирократијата често не е лесен, покажуваат некои примери.
Евгенија Толиару се наоѓа на почетокот. Оваа Гркинка нејзините мастер-студии за специјален педагог ги завршила во Шкотска. Таа веќе една година живее во Германија и сака да работи во училиште за инвалидизирани деца.
„Од сите страни чув дека во оваа област постои недостиг на кадри“, вели младата жена: „Затоа помислив, ќе биде многу едноставно“. Но, не било така: „Прашав во многу организации, но или не знаеја што можам да работам со мојата диплома или ми дадоа погрешни информации“, вели таа.

Доколку барате работа во Германија, еве кои линкови ќе Ви помогнат при постапката за признавање на странска диплома во оваа држава:
BIBB Anerkennungsmonitoring: http://www.bibb.de/de/1350.php
IAB-SOEP-Migrantenstichprobe: http://www.iab.de/194/section.aspx/Publikation/k140925303
DGB-Projekt Anerkannt: www.migration-online.de

Извор: www.dw.de

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија