Како се празнува Велигден низ светот

Велигден е еден од најважните празници за Христијаните, и е прославен низ целиот свет. Постојат неколку работи, како на пример велигденските јајца и чоколадните велигденски зајаци кои се заеднички за Велигденските прослави. Меѓутоа, во голем дел од државите, Велигден е прославен на различни начини.

Англија – Велигден во Англија е прославен преку размена на велигденски јајца и други подароци како облека, чоколадо и пакетчиња. Англичаните прават велигденски кошници кои ги полнат со цвеќиња и јајца.

Германија – Во Германија, Велигден е познат под името „Остерн“. Велигденските празници за децата траат до три недели. Велики петок, велика сабота и недела се денови кога луѓето воопшто не работат.

Мексико – Семана Санта и Паскуа формираат дел од велигденските прослави во Мексико. Семана Санта ја претставува целата Света Недела, од Цветници до Велика Сабота, додека Паскуа започнува од недела до наредната сабота.

Италија – Италија го прославува Велигден со огромно внимание и енергија. Познат како „Пасква“ на италијански, Велигден е празник кој предизвикува забава кај италијанскиот народ со голем број игри и фестивали.

Израел – Илјадници верници и туристи патуваат од целиот свет за да го прослават овој свет празник во Ерусалим. Светиот оган и свеќите го симболизираат воскресението на Исус Христос.

Ирска  – Ирска може да се пофали со својата необична велигденска традиција – закопување харинга, која била главно јадење во време на постите со што се означува нивен крај и почеток на уживање во месото и месните преработки. Во Полска, пак, крајот на постите е кога ќе се добие благослов на утринската миса, а потоа и на самото место, во црквата кога ќе се испразни кошничката полна со храна.

Полска – Во некои делови на Полска, на Велигден луѓето се полеваат со вода. Во Финска се удираат меѓусебно по грб со свежи гранчиња од бреза за среќа, а децата излегуваат на улица и со сите можни средства прават врева.

Франција – Во Франција откако ќе се слушнат црковните ѕвона, кои не бијат три дена, луѓето со гушкање и бакнување си го честитаат Велигден, а децата цел ден стојат во круг и на излегување ги фрлаат во воздух и ги фаќаат јајцата.

Швајцарија – Во Швајцарија луѓето со честитките си подаруваат и велигденско гулапче „paloma di pasqua“, колач со сушено овошје.

 

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија