10 држави со најмногу имигранти

Кога го прочитавте насловот, сигурно прво помисливте на САД, Канада, можеби и Австралија. И не сте погрешиле, бидејќи овие три земји се најдоа на листата држави со најмногу имигранти според последните истражувања. А еве ги и останатите:

10. Шпанија
Оваа држава има 46.7 милиони жители, од кои 6.5 милиони се имигранти.

9. Австралија
Далечниот континент брои 23.4 милиони жители, а 6.5 милиони од нив се имигранти.

8. Канада
Осмото место ѝ припаѓа на Канада која е мошне атрактивна држава за оние кои се во потрага по подобар живот. Од вкупно 35 милиони жители, Канада има 7.3 милиони доселеници.

7. Франција
Од 65 милиони жители, 7.4 милиони се имигранти.

6. Велика Британија
Обединетото Кралство брои 64 милиони жители, од кои 7.8 милиони се доселеници.

5. Обединети Арапски Емирати
Верувале или не, ОАЕ има повеќе странци отколку свои државјани. Има популација од 9.3 милиони жители, од кои дури 7.8 се имигранти.

4. Саудиска Арабија
Четвртото место ѝ припадна на најголемата држава на Арапскиот Полуостров. Има 28.98 милиони жители, од кои 9.1 милион се доселеници.

3. Германија
Од 80.5 милиони жители, оваа високоразвиена европска држава е дом на 9.8 милиони имигранти.

2. Русија
Од вкупно 143 милиони жители, 11 милиони се доселеници.

1. САД
Првото место ѝ припадна на САД. Брои повеќе од 316 милиони жители, од кои дури 45.8 се имигранти.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија