Канада со рекорден број доселеници во изминатата година

Повеќе од 320.000 странци се доселиле во Канада во текот на изминатата година, што се чини дека е највисока бројка во последните 100 години. Во периодот од јули 2015 до јули 2016 година, Канада добила вкупно 320.932 нови жители. Овој пораст на населението е поголемо за повеќе од една третина во однос на претходната година, кога 240.844 доселеници слетале на канадското тло. Претходниот рекорд беше поставен во 2009-2010 година, кога 270.581 странци добија иселеничка виза за Канада.

Според извештајот на Statscan, провинциите Алберта, Саскачеван и Манитоба остануваат да бидат меѓу најпопуларните дестинации кои странците ги бираат за нов дом. Во изминатата година, дури 27,9 проценти од новите жители на Канада, се населиле токму во овие области. Алберта, која изминатата година пречека 57.384 доселеници, е рангирана како втора најпопуларна дестинација од сите провинции. Манитоба доби 17.238 нови жители, а Саскачеван 15.006.

Сепак, на врвот сосема очекувано се најде Онтарио, како најпопуларна провинција во Канада. Изминатата година Онтарио стана нов дом на дури 199.647 странци, што претставува 37,3 отсто од вкупниот број доселеници. Во меѓувреме, Квебек пречека 55.164 нови жители. Повеќе од половина (54,4 проценти) од вкупниот број доселеници во Канада, слетуваат во Онтарио и Квебек.

Рекорди се рушат и во остнататите сè уште не толку развиени провинции. Имено, Њуфаундленд и Лабрадор, Нова Шкотска, како и Њу Брунсвик, добија значително поголем број доселеници за разлика од другите години.

immigration-by-province

Во текот на летото, канадскиот министер Џон Мекалум изјави дека неговата намера е „значително да се зголеми“ бројот на нови жители на Канада, со цел оваа земја полесно да им се спротивстави на демографските предизвици, како што е стареењето на населението. Канадската влада во која пред скоро една година главната улога ја преземаа либералите, најави дека во ноември ќе го презентира новиот 3 годишен план за имиграција, кој ќе има за цел да ја подобри ситуацијата во Канада со недостигот на работна сила.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија