Кои шведски банкноти нема да важат по 30 јуни 2016 година?

Постарите банкноти од 20, 50 и 100 шведски круни, по 30 јуни повеќе нема да важат. Се проценува дека има вкупно 67 милиони банкноти во вредност од 3,6 милијарди шведски круни кои сè уште се во оптек, а кои наскоро ќе бидат неупотребливи.

По 30 јуни, старите банкноти ќе можат да се депонираат на банкарска сметка до 31 август 2016 година. Следниот чекор е замена со нови банкноти и монет,и која ќе започне во октомври. Новите банкноти од 100 и 500 круни ќе бидат воведени оваа година, заедно со нови монети од 1, 2 и 5 круни. Постарите нема да важат по 30 јуни 2017 година. Од тој датум, неважечки ќе станат околу 1,6 милијарди монети во вредност од 2,6 милијарди шведски круни.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија