Лекција за сексуално образование од Холандија

Во Холандија, сите ученици знаат што е „Пролетна грозница“. Се работи за една седмица во која сите основни училишта во земјата ги посветуваат часовите на предавања од сексуално образование.

Во Холандија, пристапот познат како „сеопфатно сексуално образование“ започнува на возраст од 4 години. Часовите започнуваат од децата на 4-годишна возраст, кои учат за љубовта. Децата на возраст од 8 години учат за сликата која ја имаат за себе и за вродените стереотипи. Децата на возраст од 11 години разговараат за сексуалната ориентација и за опциите кога се работи за контранцепцијата.

Законски, сите ученици во основните училишта во Холандија мора да имаат некаков вид образование за сексуалноста. Системот дозволува флексибилност кога се работи за начинот на обработка на темите, но има основни принципи кои мора да бидат запазени, како сексуалната различност и сексуалната самодоверба.

Учениците учат да ги почитуваат сите сексуални ориентации и да развијат вештини за заштита од сексуално малтретирање или злоупотребување.

Вреди да се спомене дека Холандија е земјата со најдобри резултати кога станува збор за сексуалното здравје кај тинејџерите. Според податоците од Светската банка, бројот на малолетни бремености во Холандија е еден од најниските во светот. Бројот на заразени лица со ХИВ и други полово преносливи болести, исто така, е низок.

Но, за овие податоци придонесуваат и други фактори. Еден од тие е достапноста до контрацепција. Имено, презервативите се достапни во автоматите во Холандија, а пилулите за контрацепција се бесплатни за млади до 21 година.

За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Холандија