По повод Парадата на гордоста која во Минхен се одржува овој викенд, градските власти поставија семафори со геј двојки. Оваа мерка беше предложена од германските политичари од Зелената партија, кои го надминаа отпорот на кој наидоа од страна на членовите на Христијанско-социјалната унија. За овој проект биле потрошени околу 10.000 евра.
Идејата за вакви семафори дојде од Виена, која на ваков начин ја одбележа победата на Кончита Вурст на евровизискиот натпревар.