Над 250.000 бегалци пристигнаа во Германија, но се смета дека реалната бројка е поголема

Германија прими повеќе од 250.000 украински бегалци. Повеќето од бегалците кои пристигнуваат во Германија се жени, деца и постари лица.

Бројката ја објави германското Министерство за внатрешни работи. Полицијата до петок регистрирала 253.157 бегалци. Точниот број на бегалци кои пристигнуваат може да биде значително поголем поради недостигот на гранични проверки меѓу Полска и Германија, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи за Си-ен-ен.

Над 3,6 милиони Украинци ја напуштиле земјата, а повеќе од два милиони заминале во Полска, според статистиката на Обединетите нации.

Половина од сите украински деца се раселени од почетокот на рускиот напад на 24 февруари, пишува CNN.САД ќе примат 100.000 бегалци од Украина. Пред точно еден месец, Русија ја почна инвазијата на Украина. Уништени се цели градови, а секој ден гинат и цивили. Украинската вицепремиерка Ирина Верешчук денеска најави две рути за евакуација од опколениот јужен град Мариупол и окупираниот Мелитопол.

Се смета дека доколку бегалците почнат да работат во Германија, за македонските граѓани ќе биде потешко да дојдат до работно место во оваа земја. 

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија