Нашиот Николче Талевски беше на гости во Neipperg, каде направи одлично интервју со Јован Стефанов, млад човек од Виница кој има ресторан во Германија, со автентичен македонски амбиент.
Сите почетоци се тешки, но како што веќе повеќе пати имаме споменато, успешен не се станува преку ноќ, туку чекор по чекор до крајната цел.
Бидејќи не го знаел јазикот, Јован почнал да работи како испомош во ресторан каде што му помага предходно искуство во угостителството од Македонија, а исто така се запишува на курс за германски јазик. Тогаш му станува полесно, добива на самодоверба и може повеќе да и се посвети на работата.
Во меѓувреме прави и возачка дозвола за камион и решава да отвори ресторан во Neipperg, 4 дена неделно работи како возач на камион, а остатокот работи во ресторанот.
За разлика од другите ресторани во Германија, кои нудат класична кујна и скара, во ресторанот Zur Traube на менито може да се порача и пастрмајлија, ребро во фурна, селско месо….остатокот треба појдете и да видите.
Целото видео погледнете го тука:
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.