На странците им треба работа, на Атлантска Канада ѝ требаат работници

Поради малите градови и пониската репутација, Атлантска Канада традиционално не привлече многу странци на својата територија ни во изминатата година. Емиграциските програми малку ги променија бројките, но и покрај тоа, стапката на миграцијата не е доволно висока за да ги задоволи потребите. Стареењето на населението, како и пониската стапка на наталитет, се главните причини поради кои овој дел од Канада со години наназад се соочува со недостиг на работна сила. За ефикасно решавање на овој проблем, провинциските власти решија да се здружат во заедничка политика за ова прашање.

„Секоја провинција нуди нешто уникатно, а постојат многу области каде што преку заедничка работа, можеме да ја зголемиме заинтересираноста кај странците“, изјави канадскиот министер за одбрана, Питер Мекеј.  Федералната влада и локални влади на Нова Шкотска, Њу Бранзвик, Островот на Принц Едвард, Њуфаундленд и Лабрадор, направија заедничка инвестиција од 4.400.000 долари, кои во првите три години ќе бидат наменети за интеграцијата на странски работници.

Конкретните проекти вклучуваат едукација на регионалните работодавачи за поголема иновативност, како и стратегии за задржувањето на странците во земјата. Исто така, голема улога играат и провинциските програми во овој дел од Канада, преку кои само во последните седум години, помалите гратчиња прераснаа во големи градови. Па така, градот Монктон (Њу Бранзвик) забележал раст од 74 отсто, по што следи Шарлоттаун (Островот на Принц Едвард) со раст од 50,2 отсто и Халифакс (Нова Шкотска) со раст од 44,8 отсто.

Статистиката покажува дека бројот на доселеници во регионот, е двојно зголемен во периодот од 2002 до 2007. Емиграцијата во 2007 бележела ниво од 2,7 отсто, што е најдобар резултат во последните 30 години. Сепак, овој дел од Канада и понатаму има потреба од работна сила.

Поранешниот премиер на Њу Бранзвик, Френк Мекена, предупреди дека овој дел добива само 2,5 отсто од вкупниот број на доселеници во Канада. „Странците одат каде што има странци. Затоа повеќето како своја дестинација го одбираат Монтреал, Торонто или Ванкувер“, изјави тој.
Притоа додаде дека федералната влада треба да воведе нови мерки во Атлантска Канада, со кои од доселениците ќе се бара да живеат три до пет години во регионот, пред да добијат државјанство.
„Во меѓувреме, ние како граѓани, ќе имаме за задача да ги задржиме тука“, рече Мекена.

Принудувањето на канадските граѓани да живеат во одредена покраина, значи кршење на нивните права на слободно движење, кои им се загарантирани со Уставот. Сепак, Мекена смета дека во вакви ситуации ова е разумно, бидејќи одредени покраини во Канада добиваат премногу доселеници, додека други се борат со недостигот на работна сила.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија