Што е дозволено да правите ако сте на боледување во Германија?

Што смеете да правите за време на боледување? Ова секако зависи од видот на вашата болест или повреда. Ако сте ја скршиле раката не сте болни како некој што има грип и мора да остане во кревет. Боледувањето не значи автоматски дека сте во домашен притвор.

Пазарење – купувањето на намирници е секогаш дозволено, освен ако лекарот не ви препишал постојано да останете во кревет. Купувањето храна е неопходно затоа што морате да јадете нешто дури и за време на болеста, меѓутоа, доколку трчате од еден во друг трговски центар за време на вашата болест, немојте да се чудите ако вашиот шеф наскоро ве повика на разговор.

Прошетка – пешачењето е дозволено, се разбира, освен ако лекарот не го забранил.

Телефон – не сте обврзани постојано да го држите телефонот вклучен. Кога сте болни, имате право на одмор и мир, но немојте да претерате, на пример цела недела да не сте достапни.

Кино – можете да одите во кино со на пр. со повреда на раката, но не и кога имате грип или бронхитис.

Вашиот шеф има право да ве провери доколку се сомнева дека не сте болни. Меѓутоа, тој не смее да ве присилува да ве прегледа Betriebsarzt. Ако вашиот шеф сепак докаже дека сте ги прекршиле правилата препорачани од докторот, во тој случај можете да очекувате опомена (Mahnung) или, во краен случај дури и отказ.

Само лекарот одлучува што ви е дозволено за време на боледувањето, а тоа можете да го побарате од докторот писмено. Секако, со сите овие совети овде, размислете добро како се однесувате. Вашите колеги и шефови нема да бидат воодушевени ако почнат да се среќаваат со вас во ресторани, кафулиња, дискотеки за време на вашето боледување.

Доказ за боледување – Krankmeldung – веднаш испратете го до вашата фирма или најдоцна три дена откако сте се јавиле дека сте на боледување. Во спротивно, може да очекувате отказ! Исто така, вашиот работодавец има право да бара лекарско уверение (атест) уште од првиот ден.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија