На Канада ѝ недостасуваат работници – нафтените и гасните сектори ќе мора да се надополнат со нови 85.000 работни места до 2025 година. Годишната заработка е и до 94.000 долари.
Канадските власти, бараат странци кои по занимање се инженери, машински техничари, стручњаци за бушење нафта, сметководители, експерти за човечки ресурси, но и такви што се спремни добро да ги извалкаат рацете работејќи.
Компаниите од енергетскиот сектор во Канада доживуваат енормен раст. Кандското здружение на производители на нафта проценува дека глобалната побараувачка на енергенси ќе порасне за 35% до 2035.
Работата во нафтената и гасна индустрија во Канада е примамлива поради платата која е многу висока.
Просечната годишна плата на надзорниците на бушотините изнесува 75.000 долари, додека инженер по гасна индустрија заработува околу 94.000 долари годишно.