Норвешка е најдобра држава за стари лица

Рангирањето според HelpAge International’s Global AgeWatch индексот, покажа дека најдобра социјална и економска благосостојба на лицата кои се на возраст над 60 години, обезбедува Норвешка. Според извештајот, прогнозата е дека до 2050 година, 21% од населението во светот ќе спаѓа во оваа старосна група.

На листата, покрај Норвешка се најдоа и Шведска, Швајцарија, Канада и Германија. Австралија, државите од Западна Европа и Северна Америка исто така котираат високо, додека пак Авганистан се најде на дното од оваа листа, пренесува BBC.

До 2050 година, 30% од населението во околу 40 земји ќе биде над 60 годишна возраст. ОН изјави дека бројот на луѓе во оваа старосна група, се очекува да стигне до 1,4 милијарди до 2030 година.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија