Од следниот месец ќе може да патувате низ цела Германија за 9 евра месечно

Горниот законодавен дом на Германија во петокот одобри план од 2,5 милијарди евра за понуда на билет за национален јавен превоз од само 9 евра месечно во текот на летните месеци.

Одобрувањето значи дека тримесечниот план за субвенционирана пропусница ќе стапи на сила на 1-ви јуни.

Секој месечен билет ќе обезбеди пристап до сите автобуси, трамваи, метро и други средства за локален транспорт, вклучително и регионални возови кои сообраќаат на меѓуградски линии.

Тоа значи дека теоретски ќе може да се патува низ Германија со огромен попуст користејќи го оваа нова мерка.

За споредба, моментално месечен билет кој важи само во двете централни зони на берлинскиот јавен превоз чини 86 евра месечно!

Новата политика за јавен транспорт беше објавена по руската инвазија на Украина и е дел од мерките насочени кон намалување на зависноста од увоз на енергија и поттикнување на усвојување почисти форми на транспорт.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија