Правила за влез во Германија

Патнички предупредувања, ризични региони, задолжителна изолација: правилата за влез во Германија за многумина се нејасни.

Германија сака задолжителен тест, во Шведска може да влезе секој. Правилата за патување во ЕУ се збунувачки различни. Што се смета за ризична област и кој тоа го дефинира?

Германија е предводник во Европската унија. Од следната недела сите патници кои доаѓаат од „ризични области“ ќе мора задолжително да направат корона-тест. Со тоа станува првата земја која ги прави овие тестови задолжителни. Во 27-те земји членки на ЕУ веќе постојат правила за влез и излез. Од средината на јуни со заеднички договор беше предложена нормализација на патничкиот сообраќај, а секоја земја си смисли сопствени правила. Можете да ги пронајдете на интернет страницата креирана од Европската комисија – reopen.europa.eu.

Секој има свои правила

Шведска и Грција немаат ограничување за патниците од другите ЕУ-земји. Латвија бара 14-дневен карантин за патници од Белгија. Белгија, пак, ја означи Латвија како земја со „портокалов степен на ризик“. Се препорачува карантин, ама не е задолжителен. Од друга страна е забранет влез во Белгија за патници од одредени региони од Португалија и Шпанија. Листата на ограничувања за патувања е долга. Секоја земја следи свои правила и дефиниции. Некои земји бараат пополнување на формулар за следење на контактите, дел бараат онлајн најава пред патувањето. Некои дозволуваат влез на патници доколку се достави негативен корона-тест од нивната матична земја.

Што е ризична област?

Кон забуната придонесува и фактот дека во ЕУ не постои единствена дефиниција што се смета за „ризична област“. Во Германија тоа го утврдува Институтот Роберт Кох. Во моментов, според германските власти, од ЕУ-земјите само Луксембург е на листата „ризични области“, а, на пример, Северна Шпанија не е. Патиниците од таму не мора да прават задолжителен тест, за разлика од оние од Луксембург. За многу земји одредени делови од Романија и Бугарија се сметаат за корона-жаришта и во согласност со тоа се воведени ограничувања на патувањата од таму.

ЕУ препознава само неколку жаришта

Европската Агенција за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) во Стокхолм се обидува да даде преглед на развојот на инфекцијата ширум Европа што овозможува да се утврдат „ризичните области“.

Оваа европско тело ги собира податоците од сите земји членки и секојдневно објавува карта на развојот на ситуацијата поделена според региони и стапката на инфекции. На денешната карта се препознава дека, според ЕЦДЦ, најголем степен на заразени од корона-вирусот има во Северна Шпанија, Лисабон, Фландрија (Антверпен), Луксембург, Шведска, како и делови на Романија и Бугарија. Германија, Италија, Франција, Балтичките земји и Грција во последните 14 дена имаат под 20 новозаразени на 100.000. Тоа е вредноста која ЕЦДЦ ја зема како мерило. Но и овие „предупредувачки-вредности“ не се конзистентни. Во некои земји тој број е 16 или пак, како во Германија, 50 новозаразени на 100.000 жители.

Зехофер: Нема затворање на границите

Со еден поглед на картата на ЕЦДЦ се гледа дека не цели ЕУ-држави, туку само ограничени региони се погодени од растечки број на заразени. Поради тоа нема никаква смисла целосно да се затвораат границите. Поважно е да се пронајдат регионалните кластери, да се изолираат и да се најдат ланците на инфекција преку државните граници.

Од затворањето на меѓусебните граници во март, април и мај, ЕУ државите научија повеќе да дејствуваат регионално при евентуален втор бран. Во согласност со ова германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер во понеделникот во Берлин изјави дека нема да има повторно затворање на границите или засилени гранични контроли. „Имавме големи политички проблеми“, рече Зехофер. Тоа сака да го избегне при евентуален втор бран. Проблемот не е во патувањето, туку во начинот на кој се однесуваат туристити во одморалиштата или дома  проблем, велат експертите за пандемија.

Прв или втор бран?

На прашањето дали во ЕУ веќе има втор бран на пандемијата е тешко да се одговори. Точно е дека бројот на заразени повторно расте, како што соопштија од ЕЦДЦ, но далеку сме од случувањата во март и април. Тогаш врвот на дневно заразени беше 35.000, а денес е 10.000. Најнизок регистриран број заразени имаше на крајот од јуни – помалку од 5000.

Во споредба со другите региони во светот ЕУ се’ уште се држи добро. На глобално ниво дневно има по 200.000 новозаразени од коронавирусот. Најголем број од нив се во САД и Азија. На глобално ниво на ЕУ отпаѓаат 5% од заразените.

Речиси исклучени од остатокот на светот

Таквите бројки имаат за последица дека во Германија речиси сите земји надвор од Европа се декларирани за „ризично подрачје”. Се предупредува да не се посетуваат САД, Бразил, Индија или Јужна Африка. При враќањето од таму е задолжителен карантин и почнувајќи од следната недела и тест за корона. Во однос на патувањата во остатокот од светот правилата во рамки на ЕУ исто така не се усогласени. Многу земји дозволуваат влез на туристи од земји како Канада, Австралија, Уругвај или Тајланд. Унгарија, Полска, Белгија и Летонија пак забрануваат влез за државјани на овие земји. Границите на овие земји се целосно затворени, додека пак Португалија под одредени околности дозволува влез од Бразил и САД. ЕУ е далеку од усогласени правила за патување во време на корона. Европската комисија во Брисел може само малку да координира и да прибира податоци. Членките и натаму се самите одговорни за заштита на јавното здравје и правилата за влез на границите.

На секои две недели во Брисел заседава Совет за да разгледува можни олабавувања на ограничувањата за САД, Русија или Кина. Во блиска иднина речиси нема надеж за нормализирање на состојбата, вели еден советник на ЕУ. „Сѐ додека вирусот е таму надвор, речиси сѐ ќе остане затворено.“

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија