Повик до сите кои сакаат работа во Хрватска: Дојдете во Скопје на 26 јануари

Тимот на Јадрански Луксузни Хотели ве поканува на отворен ден во Скопје

Со задоволство ве покануваме да станете дел од тимот и да ни се придружите во преубавата Хрватска.

Јадрански луксузни хотели од Дубровник ги покануваат сите заинтересирани за сезонска работа.

Хотелите на Јадрански Луксузни Хотели претставуваат едни од најпрестижните и најпосакуваните туристички дестинации од целиот свет, како за туристите, така и за сите оние кои бараат работа.

Тимот на Јадрански Луксузни Хотели организира отворен ден во Скопје и ги поканува сите кандидати од Македонија кои се заинтересирани за сезонска работа во нивните хотели во Дубровник, Хрватска.

Сѐ што се бара од кандидатите е волја за работа на Јадранското крајбрежје, а пожелно е на отворениот ден со себе да имаат и своја биографија (CV). Сите заинтересирани кандидати ќе имаат можност да се информираат за сѐ што ги интересира директно од работодавачот.

image preview

Дојдете во четврток на 26.01.2023 година во 10 часот во хотел Холидеј ИНН во Скопје, каде што со кафе и разговор можете да ги добиете сите информации.

Бараме повеќе кандидати за работа на следните позиции:

  • КЕЛНЕР (м/ж) – повеќе извршители
  • БАРМЕН (м/ж) – повеќе извршители
  • СОБАРКИ (м/ж) – повеќе извршители
  • ХИГИЕНИЧАРИ (м/ж) – повеќе извршители
  • КУВАР (м/ж) – повеќе извршители
  • ПОМОШЕН РАБОТНИК ВО КУЈНА (м/ж) – повеќе извршители
  • СЛАТКАР (м/ж)
  • РАБОТНИК ВО ДОМАЌИНСТВО (м/ж)

За сите кандидати од Македонија, компанијата обезбедува:

  • сместување
  • два бесплатни оброка
  • работодавачот ги покрива трошоците и посредува при добивање на работната дозвола
  • надоместок на патните трошоци од работното место до сместувањето
  • надоместок на патните трошоци од Македонија до Дубровник
  • летни бонуси покрај редовната плата.
image preview

Сите заинтересирани ги покануваме на 26.01.2023 година во 10 часот во хотел Холидеј ИНН во Скопје.

Извор: вработување.мк

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија