Првата работа на Џеф Безос била во Мекдоналдс: Милијардерот откри што научил вртејќи плескавици

Џеф Безос, основачот на светски познатата компанија Амазон, специјализирана за електронска трговија, неодамна откри која била неговата прва работа, а сега објасни и која е најважната лекција што ја научил од таа работа.

Овој милијардер го започнал својот работен век на 16 години, со работа во Мекдоналдс, во далечната 1980 година.

Безос е еден од најбогатите луѓе на светот денес, но не се срами од раната младост кога заработуваше од продавање хамбургери, пишува New York Post.

Се присетил на својата прва работа во таа компанија, кога бил средношколец. Тој истакна дека времето кога работел на скара го научило колку е важна услугата за клиентите.

– Бев готвач. Не ми дозволија да се доближам до муштериите. Тоа беше мојата тинејџерска фаза со акни на лицето. Затоа работев во позадина на скара – изјави Безос.

Во овој период, тој се запозна со организацијата на работата во мал систем кој функционира во рамките на огромен систем и каде што сè треба да биде „под конец“.

Jeff Bezos empezó trabajando en un McDonalds - eDirecto Televisión

Тоа го научи дека сè мора да се направи точно во вистински момент со храната за да се избегне хаос.

Уште тогаш сфатил колку е важно да се биде подреден на клиентот и да се направи сè за да ги направи клиентите задоволни.

– Една од забавните работи во работењето во Мекдоналдс е тоа што треба да бидете многу брзи на сите работни места – изјави Џеф Безос.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија