Преквалификација во Германија

Никој од нас не знае што носи иднината. Не сме сигурни со која професија ќе ги реализираме нашите аспирации во иднина или дали таа професија ќе нè направи среќни.

Можеби честопати размислувате за промена во кариерата од материјални или здравствени причини или очигледно е дека роботот Honda 13cX наскоро ќе го прави она што вие го правите многу побавно – без боледување, elternzeit и слични „човечки“ права. Треба да се прилагодите на претстојната ситуација и да пронајдете решение за иднината на вашата кариера.

Што е преквалификација?

Преквалификацијата е нова ориентација во вашата кариера. Дали преку самоиницијативно школување или преку Арбеитсамт и слично, преквалификацијата во Германија е ваша шанса да направите пресврт и да отворите нови можности за себе. Целта на преквалификацијата не е продлабочување на сегашното знаење, туку стекнување нови компетенции, а со тоа и предуслови за промена на работното место.

Преквалификацијата во Германија е регулирана со закон и обично трае до две години. Повеќето преквалификации одат преку пензиското осигурување и Arbeitsamt.

Кој може да се преквалификува?

Сите. Ако прашувате кој може да добие платена преквалификација, тогаш има неколку критериуми кои мора да ги исполните. Мора да имате:

  • Минимална возраст од 18 години
  • Доказ за завршена обука (Ausbildung). Ако немате никаква професија или искуство, нема што да преквалификувате.
  • Доказ дека професијата што сте ја научиле повеќе не можете да ја работите (на пр. поради болест) или дека професијата што сте ја научиле повеќе не е одржлива и затоа постои ризик од невработеност
  • Веродостојна претстава дека сегашниот пазар на труд нема изгледи (на пр. Затоа што е пренатрупан или повеќе не сте конкурентни по долго отсуство од работа)
  • Веродостојна изјава дека изгледите за работа во посакуваната професија што сакате да ја научите се многу позитивни

Какви видови на преквалификација постојат во Германија?

Преку училиште, односно преку специјални стручни училишта. Одите на училиште претежно да научите теорија. Училиштето исто така може да има практична настава за стекнување искуство. Без плата, само учење, исто како и во училиште.

Двојна доквалификација (Betriebliche Umschulung). Како и со Аусбилдунг, вие „всушност“ работите за компанија. Вие стекнувате практично искуство преку работа и дополнителна теорија, најчесто во стручно училиште. Предноста на овој метод на преквалификација во Германија е тоа што во пракса добивате некоја мала плата за вашата работа.

Бизнис преквалификација (Überbetriebiche, Außerbetriebliche Umschulung) – Работи слично на двојна преквалификација, освен што всушност не сте вработени, но стекнувате своја работа и искуство во специјални компании кои нудат услуги за обука. Овој тип на доквалификација треба да го платите сами и токму во овој тип упаѓа Arbeitsamt и ги покриваат трошоците.

Преквалификацијата може да биде на полно работно време до неколку часа неделно.

Финансирање на преквалификацијата

Бидејќи преквалификацијата е скапа, треба да знаете кој ги сноси трошоците. Вашиот прв чекор во решавањето на ова прашање треба да биде Аrbeitsamt. Овде ќе добиете одговори на првите прашања во врска со трошоците.

Кој ги сноси трошоците?

Arbeitsamt ги плаќа училишните трошоци (Bildungsgutschein) вклучувајќи ги и трошоците за тестови, возење до училиште и трошоците за живот во тоа време.

Здравствено осигурување (Краnkenkasse) плаќа до две години преквалификација ако преквалификацијата е мотивирана од здравствени тешкотии.

Компанијата (Ausbildungsbetrieb) плаќа плата за студентите (Ausbildungsgehalt).

Покрај тоа, можете да побарате компензација за трошоците за книги, трошоци за деца, итн. Има многу „да, ако“, така разговарајте со вашиот советник за вашите желби и можности.

Кој има право на платена доквалификација преку Arbeitsamt?

Arbeitsamt дава можност за финансирање на преквалификација во Германија за луѓе кои се изложени на ризик. Некои од причините за кои можете да добиете платена преквалификација се:

  • За да се избегне невработеност
  • Да пронајдете нова можност затоа што веќе не можете да ја извршувате старата работа
  • Да ги добиете потребните дипломи и сертификати
  • За да го завршите школувањето што еднаш веќе сте го почнале, итн.

Ако се наоѓате во една или повеќе од овие ситуации, и можете да го докажете тоа, постои голема шанса Arbeitsamt да ви ги плати трошоците.

Постојат 3 начини на кои Arbeitsamt може да го финансира вашето образование:

  • Bildungsgutschein 
  • Weiterbildungsprämie
  • Weiterbildungsschek

Преквалификувањето во Германија е скапо. На пример, ако месечните трошоци за школарина се 500 € и имате трошоци за живот од 1.000 €, вашата преквалификација чини 36.000 € за две години. Иако ова може да изгледа многу на прв поглед, тоа е мала сума во споредба со трошоците за невработено лице кое не работи ништо за две години.

Каде да најдете понуди за преквалификација во Германија?

Најдоброто место за почеток е пребарувачот на Arbeitsamt.

https://kursnet-finden.arbeitsagentur.de/kurs/

Овде можете да ги најдете сите обуки и доквалификации што се нудат во моментов. Важно е да се разбере дека Arbeitsamt може да плати само за овие обуки, тие не ги организираат и спроведуваат, туку тоа го прават специјализирани фирми. Бидејќи е така, има уште неколку „приватни“ страници на кои можете да побарате понуда, на пр.:

https://www.kursfinder.de/suche/umschulungen

https://www.wbstraining.de/umschulungen/

Дали се исплаќа преквалификацијата?

На кратко – да!

Податоците покажуваат дека повеќето луѓе кои успешно се преквалификуваат подоцна постигнуваат зголемување на приходот. Ова е особено точно за некои индустрии: здравство, обработка на метали, механичари, електричари…

Како да започнете?

Прво одете кај вашиот советник (Berater) во Аrbeitsamt. Тој е главната личност со која ќе ja решите смислата и насоката на вашата превалификација.

Откако ќе се согласите за ова, започнете да ја барате вистинската насока и курс за вас. Пребарувајте преку интернет и преку советникот за да ја пронајдете понудата што ви одговара.

Аплицирај активно, исто како да аплицирате за нова работа. Прочитајте овде како да најдете работа во Германија.

Бидете трпеливи, се исплати,. Промената во кариерата не е нешто што се случува туку-така.

Морам да признаам дека немам искуство во оваа тема и јас самиот научив многу истражувајќи за текстот. Преквалификацијата и самата идеја за промена на насоката во кариерата е нешто што е многу важно и со текот на времето ќе стане сè уште поважно. Сите гледаме како се менува пазарот и како промените станаа побрзи од кога било досега. Работните места што ги работиме денес можеби нема да постојат за неколку години.

Ново знаење, искуство, па дури и дипломи можат да помогнат навремено да се позиционираме на пазарот на трудот и да ни обезбедат напредување во кариерата.

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија