Пријавете се на лотаријата за „зелена карта“ за САД

Американската амбасада во Македонија објави дека пријавувањето за иселенички визи е започнато, а ќе трае до 3 ноември. Како и претходните неколку години, пријавувањето ќе се врши по електронски пат, а печатените апликации нема да прифаќаат. Сите инструкции за пријавувањето можете да ги најдете на следниот линк. При аплицирањето треба да внесете лични податоци поврзани со вашето образование и работно искуство, како и тоа да прикачите фотографии со определени димензии.

Сите учесници ќе добијат број за потврда на регистрацијата преку кој ќе можат да проверат дали се извлечени. Симнувањето, пополнувањето и доставувањето на електронската апликација за лотаријата е бесплатно. Единствените трошоци се оние за самата такса за визата, која се плаќа во Амбасадата на САД доколку бидете извлечени.

Резултатите од лотаријата ќе бидат објавени по 3 мај 2016 година.

САД секоја година организира лотарија за т.н. „зелена карта“ со која случајно избраните среќници, ќе добијат виза која им овозможува да живеат и работат во оваа држава.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија