Од 2015 година, Канада ја започна Express Entry програмата за емиграција, преку која во првите 6 месеци покана за постојан престој добија 12.928 кандидати од целиот свет. Овие експресни визи, Канада ги воведе за да им овозможи на работодавачите што побрзо да ги пополнат работните места со квалификувани работници.
Со почетокот на 2016 година, канадските власти ги предупредија сите заинтересирани кандидати дека нивните профили ќе бидат избришани по 12 месеци од регистрирањето. Имено, доколку сте креирале свој профил и сте аплицирале за оваа програма, но не сте добиле покана во период од една година, вашиот профил ќе биде избришан. Сепак, можете да креирате нов профил и повторно да се обидете.
Доколку пак досега не сте отвориле свој профил за оваа програма, тоа можете да го сторите на следниот линк. За повеќе информации за оваа програма за емиграција, прочитајте ја нашата статија Аплицирање за канадска виза – чекор по чекор.