Во 2015 година речиси 2 милиони странци се доселиле во Германија, што е рекорд во историјата на оваа држава. Бројот на мигранти кои пристигнале во Германија се зголемиl за речиси 700.000, од бројката за 2014 година која изнесуваше 1.343.000.
На 19 март, Сојузниот завод за статистика (Destatis) исто така објави дека и бројот на странски државјани кои ја напуштиле Германија во текот на изминатата година, се зголемил на 860.000.
Овие бројки не претставуваат големо изненадување, со оглед на бројот на бегалците кои се упатија кон Германија во текот на минатото лето, откако владата одлучи повеќе да не се придржува до Договорот од Даблин.