САД го запреа издавањето на визи и пасоши

САД привремено го запреа издавањето на пасоши и визи поради технички проблеми во целата своја конзуларна мрежа во странство, пренесува Франс прес.
Поради компјутерскиот дефект, се прекинува протокот на сите барања за американски пасоши поднесени и прифатени во странство од 26 мај, и сите барања за визи поднесени од 9 јуни.
Стејт департментот потенцираше дека оваа ситуација не е поврзана со одредена страна, државјанство или категорија виза.
Издавањето на американски пасоши на територијата на САД е можно, а конзулатите во странство можат да издаваат пасоши по итна постапка само за некои американски граѓани.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија