САД имаат потреба од обични работници

И покрај високата стапка на невработеност во САД, извештаите покажуваат дека одредени индустрии сè уште се соочуваат со недостиг на работници. Главната причина за ова е тоа што повеќето американски работници се преквалификувани за онаа работа што им се нуди.

Над 90% од мажите во САД завршуваат средно училиште, а милиони од нив се одлучуваат и за високо образование. Поради оваа причина, сè повеќе се намалува бројот на работници кои се спремни на физичка работа, а ова е особено штетно за индустрии како земјоделството и преработката на храна.

Многу од Американците изјавиле дека не сакаат вложеното време, труд и пари во образованието, да го користат за аргатување. Некои фарми во САД работат со дури 25% недостиг од работници.

Според Ренди Роудс кој е претседател на Harvest Select, проблемот е во тоа што Американците не сакаат да работат валкана работа. „Најголем дел од вработените во Harvest Select се од Гватемала.

Тешко е да најдете Американец кој ќе работи 8 часа на нога, во просторија со ниска температура, а притоа ќе чисти и пакува риба. Имам 158 слободни места во моментов, но нема заинтересирани работници.“

Најголемиот дел од работниците во ваквите индустрии доаѓаат од Мексико, Филипините, Индија и Кина. Како што велат и самите, условите не се најдобри, но барем се подобри од оние што ги имаат во нивната татковина.

Рикардо Мартинез работел на голема фарма во Мексико. „Условите кои ги имавме таму беа ужасни. Спиевме на бетон, опкружени со секакви бубачки. Платата и оброците беа нередовни. Нè третираа како робови. Немавме друг избор освен да тргнеме во потрага по подобар живот.“

Решението за недостигот на вакви работници во САД се гледа во приливот на странци кои би работеле во такви услови. Странските работници генерално се повеќе подготвени за тешка физичка работа и пониска плата. Без нив, економијата на САД ќе падне во уште подлабока рецесија.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија