Саскачеван ги отвори сите категории во Програмата за емиграција

Канадската провинција Саскачеван од оваа година ги отвори сите категории во Програмата за емиграција (SINP).

Преку оваа програма, потенцијалните кандидати кои ги поседуваат бараните вештини и искуство, можат да добијат дозвола за постојан престој во Канада, по добивање на сертификат за номинација од самата покраина.

SINP беше една од најпопуларните провинциски програми во текот на 2015 година, а очекувањата се дека во 2016 ќе има уште поголема заинтересираност за истата.

Потребните услови можете да ги видите на следниот линк, а исто така можете да ги прочитате нашите статии за Иселенички визи за Саскачеван и Саскачеван со нова програма за стручни работници.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија