Сириската YouTube ѕвезда и азилант Махмуд Битар, поминал три години во обид да се пресели во Шведска, патувајќи низ различните земји од Блискиот Исток. Махмуд избегал од неговиот роден град Алепо, со брод отпатувал до Грција, а потоа на север до Скандинавија.
Тој своето патување го документирал на Инстаграм, каде што има речиси 60.000 следбеници. Освен тоа, Махмуд направи и YouTube видеа на арапски, каде се шегуваше за животот во Шведска, откако тој конечно пристигна на дестинацијата од неговите соништа.
Но, Махмуд добил многу закани на социјалните мрежи, откако неодамна BBC објави негово видео во кое тој вели мигрантите да не доаѓаат во Шведска, или барем добро да размислат пред да тргнат кон оваа земја. Притоа, тој објаснува дека многу Сиријци имаат нереални очекувања за животот во Скандинавија, мислејќи дека таму ќе добијат големи домови и убави автомобили. Тој се шегува дека во реалноста животот на мигрантите во Шведска може да биде прилично здодевен, а Сиријците често се принудени да се потпираат на донациите од Владата и да позајмуваат пари од пријатели.
„Имаше многу реакции од страна на луѓето, добив позитивни, но и негативни коментари“, изјави Махмуд, додавајќи дека многу од пораките што ги добил биле закана. „Ја сакам Шведска, но дојде до некои недоразбирања. Јас само реков дека мигрантите треба да размислат пред да дојдат во Шведска, зашто мислат дека бесплатно ќе добијат многу работи од државата. Реалноста е дека треба напорно да работат и да бидат вредни“, изјави тој.
Според истражувањата, мигрантите најчесто ги одбегнуваат скандинавските земји, бидејќи процедурата за добивање азил е многу подолга и покомплицирата, за разлика од останатите европски земји. Само за интервју во Одборот за миграција, се чека и по една година.
Видеото на Махмуд можете да го погледнете во статијата на BBC, со кликање на следниот линк.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска