Студирање во Германија

Размислувате за студирање во Германија? Пред да го направите Вашиот избор, бидете сигурни дека сте одбрале универзитет во Германија кој одговара на Вашите потреби и цели за студирање во странство.

Поголемите универзитети не се секогаш најдобри, но еден голем универзитет може да Ви понуди повеќе опции и можности, како на пример повеќе лаборатории, библиотеки и различни спортски објекти. Некои универзитети во Германија се распространети на повеќе од една локација.

Сместување
Друга важна работа која треба да ја имате предвид, е местото каде што ќе живеете. Многу колеџи и универзитети нудат сместување, барем за првата и последната година.

Услови за прием
Многу програми се ограничени во однос на бројот на студенти и се одвиваат само еднаш годишно. Но, германските универзитети се отворени и за странски студенти, доколку ги исполнуваат потребните услови.

Како до повеќе информации
DAAD е Германска Академска служба за размена која има за цел да ja промовира меѓународната академска размена, пред сè преку доделување на стипендии на студенти, академски кадар и научници. Посетете го нивниот веб-сајт на www.daad.de.

Некои информации за приватните универзитети може да се најдат на www.private-hochschulen.net.

Еден од најдобрите сајтови за преглед на високото образование во Германија е www.hochschulekompass.de.

А одличен извор на информации за студирање во Германија е и www.studienwahl.de – сајт кој го покрива секој аспект на студирање во Германија и вклучува целосна листа на колеџи и универзитети во оваа земја.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија