Студирање во Швајцарија

Швајцарија нуди широк спектар на можности за образование, како за природните науки, така и за општествените.

Оваа држава е одлична можност за студентите од странство, поради висок стандард на образование и релативно ниската школарина, која се движи од 1.000 до 2.340 швајцарски франци за странски студенти.

Високото образование во Швајцарија

Високото образование во Швајцарија е поделено на институции од два типа – традиционалните универзитети нудат додипломски, магистерски и докторски студии, а универзитетите за применети науки нудат професионални студии и обуки за наставници. Карактеристично е тоа што не сите швајцарски универзитети нудат целосен избор на дисциплини.

Швајцарското високо образовние се базира на политиката „квалитет пред квантитет“ и повеќето универзитети нудат специјализација само за одредени предмети.

Аплицирање за студирање на Универзитет во Швајцарија

Условите за влез на еден од универзитетите во Швајцарија се разликуваат во зависност од нивото на студиите. За додипломските студии, релевантни се меѓународно признати квалификации како што се International Baccalaureate (IB) и Британската диплома за средно образование „A Level“.

Предуслов за запишување на магистерска програма се успешно завршени додпиломски студии. Добро познавање на наставниот јазик на универзитетот (француски, германски или италијански) е исто така предуслов. Но, на некои програми, особено на постдипломските студии, предавањата се исклучително на англиски јазик.

Совети за студирање во Швајцарија:

– Европските студенти кои сакаат да поминат еден или два семестри на некој швајцарскиот универзитет, тоа можат да го сторат преку Еразмус програмата за размена на студенти.

– Секој универзитет има канцеларија која соработува со други акредитирани универзитети од странство.

– Академската година е поделена на два семестри: есенскиот семестар трае од 38 до 51 недела од годината, а пролетниот семестар трае од 8-22 недела.

– Во зависност од областа на студиите, студентите кои заминале во Швајцарија преку програми за размена на студенти, се очекува да учествуваат во активностите на универзитетот заедно со швајцарските студенти.

– Швајцарските власти на странските студенти им обезбедуваат паричен надомест за сместување од околу 1.250 швајцарски франци по семестар.

Универзитети во Швајцарија според области

Германски кантон:

Италијански кантон:

Француски кантон:

Федерални институти за технологија:

За повеќе вакви и слични теми придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Швајцарија