Стажирање во ROOSTERGNN за млади новинари

ROOSTERGNN е непрофитна новинската агенција која ја промовира слободата на изразување и независното новинарство. ROOSTERGNN е секогаш во потрага по талентирани, млади новинари кои ќе имаат можност да стажираат во оваа агенција. Праксата е во времетраење од шест месеци. За време на тој период, на избраните кандидати ќе им се даде целосна автономија, овозможувајќи им да соработуваат индивидуално или во група, во координација со други новинари.

Право на учество имаат сите талентирани млади новинари од целиот свет кои сакаат да ги подобрат своите вештини.

Предности
Портфолио со Ваши објавени статии и потврда за успешнo завршена пракса во работата ќе се смета за предност. Откако стажантот ги исполни неделните рокови за напишаните статии во рок од еден месец, може да се добие задачи за покривање локални настани.

Како да се аплицира?
Доколку сте заинтересирани, можете да го пополнете онлајн формуларот за апликација. Притоа треба да одберете еден Канал за кој сакате да работите – Gobernanza, Innovation, Espectaculart, Glamour, Olympus, GapBrave, MADbudget, New York. Во Вашата апликација треба да наведете три идеи за статии, врз основа на теми од интерес предложени од страна ROOSTERGNN.

За повеќе информации, кликнете тука.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија