Со ТВ претплата во Германија се финансираат различни програми како АРД и ЗДФ и радио станици. За сите полнолетни граѓани важи едноставно правило: еден стан – една претплата.
Колку е таксата за ТВ во Германија?
Телевизијата во Германија чини 18,36 евра месечно. Може да се плаќа месечно, квартално, полугодишно или годишно, преку уплатница или преку траен налог.
Како да се пријавите за ТВ претплата во Германија?
Дали добивте писмо со уплатница за Rundfunk ARD, ZDF и Radio? Ова значи дека треба да платите ТВ претплата. Ви препорачувам ONLINE пријава, која е едноставна и брза. Еве што треба да направите:
Онлајн пријава за ТВ претплата:
- Посетете ја веб-страницата https://www.rundfunkbeitrag.de/
- Некаде во средината на оваа веб-страна изберете ја иконата „Wohnung Anmelden“.
- Сега се отвора нова страница каде што треба да го внесете вашето име, презиме, поштенски број, адреса и слично. Кога ќе го пополните, кликнете на иконата „weiter“ на дното на страницата. Имате вкупно 4 страници за пополнување.
- Следно, вие избирате дали сакате да ја плаќате претплатата месечно, квартално, полугодишно или годишно. Можете исто така да изберете претплатата автоматски да се одзема од вашата сметка (ја препорачувам оваа опција) или дали сакате лично да ги префрлате парите за претплатата секој пат.
- Ако некои поими не ви се јасни, користете google translate за превод. Ако регистрирањето ТВ претплата е премногу комплицирано за вас, пишете ми е-маил преку опцијата за контакт на оваа страница, со задоволство ќе ви помогнам.
Откажување на ТВ претплата во Германија
Се преселувате од Германија во друга земја? За да ја откажете вашата ТВ претплата кликнете на овој ЛИНК. Таму ја избирате опцијата „ich dauerhaft ins Ausland ziehe“. Потоа пополнете ги вашите лични податоци и кликнете на weiter. И тоа е тоа, ја откажавте претплатата на ТВ во Германија.
Во станот каде што сум пријавен некој веќе плаќа такса за ТВ, дали треба да платам и јас?
Во тој случај НЕ МОРА да плаќате, бидејќи како што веќе напишавме правило е „еден стан – една претплата“. Доколку сепак сте примиле писмо во кое се вели дека треба да платите претплата за ТВ, се што треба да направите е да СЕ ОДЈАВИТЕ (abmleden) на овој ЛИНК.
Таму ќе го напишете бројот на договорот (Beitragsnummer) – има 9 броеви и стои во писмото или на уплатницата што сте ја добиле по пошта. Ќе го напишете и вашиот број на пошта. Потоа кликнете на „weiter“.
На следната страна напишете дека некој веќе плаќа ТВ претплата во тој стан, напишете го името и презимето на лицето и бројот на неговиот договор за ТВ претплата. Потоа кликнете на „weiter“.
И тоа е тоа.
ТВ претплата во Германија по промена на адресата
Да речеме дека живеете во Германија некое време и сега се селите од еден стан во друг. Во првиот стан сте имале регистрирана ТВ претплата и редовно ја плаќавте. Како да ја регистрирате сега претплатата во новиот стан?
Постапката е едноставна:
- Посетете ја веб-страната https://www.rundfunkbeitrag.de/
- Некаде во средината на оваа веб-страна, изберете ја иконата „Namen, Addresse, Zahlungsweise ändern“
- Кога ќе кликнете на таа икона, се отвора нов прозорец каде прво треба да ја внесете вашата СТАРА домашна адреса, име, презиме и вашиот Beitragsnummer (претплатен број). Овој број има 9 цифри и можете да го најдете на вашата онлајн уплатница преку која ја плаќате претплатата или на вашата хартиена уплатница доколку плаќате на тој начин.
- Кликнете на иконата weiter на дното на страницата
- Сега ја внесувате вашата нова адреса. повторно кликнете Weiter
- На последната страница ја внесувате вашата банкарска сметка од која сакате вашата претплата автоматски да биде повлечена
Ослободување од плаќање на ТВ претплата во Германија
Правилото гласи: една претплата по стан. Значи, ако живеете во заеднички стан со повеќе луѓе (WG апартмани), само едно лице треба да пријави претплата на ТВ и да го плати. Можете да ги споделите трошоците, се разбира. Ова значи, ако сте се преселиле во WG каде некој веќе живее, не мора да ја пријавувате претплатата за ТВ бидејќи некој веќе го направил тоа за истиот стан.
Во тој случај, можеби нема да добиете барање за плаќање на ТВ претплата, бидејќи некој што плаќа е веќе регистриран на таа адреса. Доколку добиете барање за плаќање ТВ претплата треба да го прашате сопственикот или вашиот цимер дали ја плаќаат претплатата за ТВ и евентуално да ги поделаите трошоците со нив.
Исто така кога во станот живее само едно семејство претплатата за ТВ ја пријавува само еден т.е. сопругот или сопругата.
Социјалните случаи, болните, барателите на азил и слично се ослободени од плаќање.
Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.