Тренинг програма за невработените во Велика Британија

Британската влада неодамна најави нов проект чија цел ќе биде подучување на младите луѓе кои немаат работа. Министерот Мет Хенкок изјави дека со овој план ќе бидат опфатени младите од 18 до 21 годишна возраст, кои веќе подолго време не можат да најдат работа. Поради реакциите во јавноста, од кабинетот на министерот негираа дека планот на владата е некој вид на казна.

„Ние не казнуваме никого, затоа што оној кој ја прави вистинската работа и да игра според правилата, не треба да биде казнет“, изјави Хенкок за BBC Radio 4. „Всушност, ние само им даваме поголема поддршка на младите луѓе.“

Младите ќе добијат почетен курс во времетраење од 3 недели, каде ќе добијат личен ментор од кој ќе научат како да напишат CV, како полесно да дојдат до работа, како да се однесуваат на интервјуто за работа и слично. Овој проект ќе трае до април 2017 година, како дел од  програмата која најпрво ја најави Камерон непосредно пред изборите. Тој изјави дека на младите кои немаат работа, а се на возраст од 18 до 21 година, ќе им биде потребно некакво работно искуство, за потоа полесно да најдат работа и да не се соочат со губење на нивните вештини.

Во областа на пазарот на труд, постоеше малку поинаква политика пред изборите. Владата им вети вработување на младите кои биле без работа во период од 12 месеци, но се закани дека ќе им ги скрати сите бенефиции ако не ја прифатат.

Сепак, хуманитарната организација Barnardo’s, ги критикуваше ваквите планови на владата, велејќи дека потребно е младите луѓе да се чувствуваат поддржани, а не казнети. Овој проект налета на критики и од страна на левичарскиот фаворит Џереми Корбин. „Оваа влада не само што ги намалува можностите за младите луѓе да се вработат, туку и ги обвинува истите, наместо да ги реши проблемите“, вели тој.

Но, и покрај критиките, министерот Хенкок не отстапува од планот. „Ние сме апсолутно посветени на ставање крај на долготрајната невработеност на младите. Сакаме да допринесеме за оваа држава каде што ниту еден работник нема да биде дефиниран според местото на раѓање и секој ќе може да го искористи својот потенцијал.“

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија