Една од најпросперитетните провинции на Канада, освен што нуди одлични услови за живот, изобилува и со многу природни убавини. Високите планини, бистрите езера и уникатната архитектура на градовите, се само дел од ова парче од Канада.
Со население од 4,1 милиони жители и површина од 661.848 км2, оваа покраина е четврта по големина и е богата со разновидна топографија, од степи и неплодни области, до планински венци и високи шуми. Урбаните средини на Алберта, се исто толку импресивни како и природните убавини. Оваа покраина е позната по своите туристички атракции кои секоја година привлекуваат многу туристи од целиот свет.
Алберта е дом и на голем број на животни, вклучувајќи бизони, гризли мечки, црни мечки, како и планински кози. Покрај изобилството на флората и фауната во границите на оваа покраина, Алберта е богата и со нафта која е нејзин економски извор на енергија.
https://www.youtube.com/watch?v=ThFCg0tBDck