Укината задолжителната вакцинација на децата против коронавирус во Германија

Вакцинацијата против коронавирусот веќе не е задолжителна за децата. Денеска STIKO ги објави правилата за вакцинација против Ковид 19.

Според одлуката објавена од Институтот Роберт Кох (РКИ), вакцинацијата против корона повеќе не се препорачува за здрави деца и адолесценти помлади од 18 години. СТИКО тоа уште во април го правдаше со реткоста на тешки случаи. Здравствените власти и професионалните здруженија, меѓу другите, можеа да ја коментираат препораката во изминатите неколку недели.

После многу месеци во кои германските здравствени организации и државната влада индиректно ги принудуваа граѓаните да се вакцинираат, вакцинацијата сега не се препорачува за возрасни до 59 години. Сепак, потребно е да се вакцинирате за да стекнете имунитет.

СТИКО, пак, препорачува понатамошни вакцини во минимален интервал од дванаесет месеци по последната вакцинација. Оваа препорака се однесува на лица кои имаат зголемен ризик од потежок тек на болеста или зголемен ризик од инфекција.Ова се однесува на лица постари од 60 години, лица на возраст од шест месеци и постари со релевантни основни болести, жители на установи за нега и медицински персонал.

Досега, комисијата има дадено повеќе препораки за вакцинација против Ковид 19 за време на пандемијата, кои неколкупати беа приспособувани. Сегашниот чекор може да се гледа како еден вид транзиција од пандемијата во нормален режим на работа.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија