ФОНДАЦИЈАТА ДБУ ОБЈАВУВА КОНКУРС ЗА ИСТРАЖУВАЧКИ ПРЕСТОЈ ВО ГЕРМАНИЈА

Германската фондација за животна средина (Deutsche Bundesstiftung Umwelt) објавува отворен конкурс за стажирање или истражувачки престој од 6 до 12 месеци во организации, фирми, институти, универзитети во Германија.

Програмата за стипендии поддржува најширок опсег на професии, под услов предлог-проектот да биде од областа на заштитата на животната средина, екологијата, одржливиот развој, климатските промени или обновливите извори на енергија.

Сите заинтересирани кандидати може да дознаат повеќе детали за самата програма на онлајн инфо сесијата што ќе ја организира МЕД во соработка со претставници на Мрежата за стипендии на ДБУ на 24 февруари од 16ч на платформата ZOOM.

Работен јазик на сесијата ќе биде Англиски.

Апликациите ќе се разгледуваат двапати годишно – на 5 март и 5 септември.

Повеќе детали за програмата може да прочитате на следниот линк.

EN: https://www.dbu.de/2923.html

Координатор на програмата за стипендирање на ДБУ од Германија

Милица Јованова, ДБУ Германија

Email: [email protected]

Tel: +4915150712990

Контакт лице од МЕД за програмата

Фросина Пандурска-Драмиќанин

[email protected]

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија