Швајцарија ги укинува мерките за сите патници

Патниците од сите земји наскоро ќе можат да влезат во Швајцарија без почитување на какви и да се правила за Ковид-19. Почнувајќи од утре, 2 мај, на сите патници, без оглед од која земја доаѓаат, ќе им биде дозволен влез во Швајцарија без ограничувања.

„Ограничувањата за влез кои сега се на сила ќе бидат укинати на 2 мај. Од тој датум ќе важат вообичаените правила за влез во Швајцарија“, се наведува во соопштението на Државниот секретаријат за миграции.

Во моментот од сите патници се бара да поседуваат важечки сертификати за вакцинација или заздравеност од Ковид-19 за да им се дозволи влез во Швајцарија без ограничување.

Но, штом новите правила почнат да важат, патниците повеќе нема да мора да поседуваат важечки сертификати за вакцинација или заздравување.

Швајцарските власти објаснија дека од 2 мај патниците ќе мора да почитуваат други правила, како поседување важечки пасош или виза, само ако таквото барање се однесува на нив.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија