Шведска, заедно со соседна Данска, планира да воведе дигитален ковид-пасош до летото.
Таа дигитална потврда треба првенствено да послужи како доказ за вакцинација против коронавирусот, објасни шведскиот министер за дигтализација Андерс Игеман. Во исто време тоа треба да овозможи посета на културни или спортски настани, како и да овозможи слободни патувања. Инфраструктурата за контрола на тој документ треба да биде готова до 1 јуни.
Дури и пред Шведска, Данска го презентираше овој вид документ, кој, пред сè, треба да им го олесни патувањето на деловните луѓе. Корона-пропусницата во Данска треба да биде или во форма на запис на веб-страницата на данското Министерство за здравство или во паметниот телефон на нејзиниот сопственик.
Некои други земји, како што се Грција, Кипар или Шпанија, исто така, бараат воведување на еден вид корона-пасош што ќе им овозможи на вакцинираните лица слободно да патуваат.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Шведска