„Билд“: Цените во Германија растат, а грамажата на производите опаѓа

Во Германија потрошувачките цени постојано растат, но се чини дека количината во пакувањето на производите е намалена. Германски „Билд“ пишува дека покрај тоа што многу производи поскапуваат, се намалува и нивната тежина.

Ова значи дека клиентите сега плаќаат повеќе за помалку.

„Потрошувачите всушност двапати се ограбени“, предупредуваат германските центри за потрошувачи.

Економистот Гунтер Шнабл од Универзитетот во Лајпциг наведува дека производителите се обидуваат да ја сокријат инфлацијата и затоа нудат помали тежини во пакувањето. Ги предупредува потрошувачите да внимаваат на тежината.

„Многу производители користат поевтини состојки, ги менуваат рецептите и го намалуваат квалитетот на производите. На потрошувачите ќе им биде уште потешко да го препознаат ова“, изјави Шнабл за „Билд“. Тој даде и еден пример и рече дека во чоколадните производи се користи повеќе млеко во прав отколку какао.

„Билд“ напиша неколку примери на производи кои имаат повисока цена и помала тежина. Еден од нив е чипсот „Принглс“, кој порано чинел 2,59 евра и тежел 200 грама, а сега чини 2,79 евра и тежи 185 грама. Пакетот таблети за машина за миење садови „Сомат Класик“ сега содржи само 77 таблети, во споредба со 82 претходно.

Цената на преработеното сирење Микана беше 1,99 евра, додека сега чини 2,29 евра. Покрај тоа, пакувањето е помало за 10 грама, пишува „Билд“.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија