Цените само растат: Еве колку чини полагање за возачка дозвола во Германија

Во последните две години цените за полагање возачки испит во Германија „експлодирале“, а годинава тие се уште повисоки поради поскапувањето на горивото, плинот и електричната енергија, пишува „Феникс магазин“. 

– Кризата ги погодува автошколите како и секое приватно домаќинство – изјавил Рајнер Зелтвангер, претседател на Здружението на германски автошколи. 

Реалната цена за полагање возачки испит моментално изнесува од 2.800 до 3.500 евра во Германија, според Зелтвангер. 

– Платите на инструкторите се зголемиле, а автошколите кои нудат часови за возење под 60 евра набргу ќе одат во минус – открил тој. 

Тој не се плаши дека интересот за полагање возачки испит ќе падне и има неколку совети за оние што размислуваат да го направат тоа во Германија. Тој ги препорачува автошколите кои имаат симулатори за возење бидејќи вежбањето на симулатор е поевтино отколку вистинското возење. 

Ги советува заинтересираните кандидати да учат за да го положат теоретскиот испит од прва бидејќи секое повторување на испитот чини околу 180 евра. 

– Доколку повторно го полагате практичниот испит, мора да сметате на дополнителен трошок од 250 евра. Подобро е да земете дополнителен час или два за да бидете подготвени за испитот – вели Зелтвангер. 

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија