Подгответе се на следниот начин:
Пополнете го образецот за барање на виза онлајн на следниот линк и понесете по два примерока на Вашиот термин.
Соберете ги другите потребни документи. Некомплетна документација може да доведе до одбивање на барањето. За секоја намена на Вашиот престој Ви составивме соодветен лист со упатства:
- Приклучување кон семејство
- Работни визи
- Работна виза за чување деца
- Работна виза со признато академско образование
- Работна виза за стручен кадар
- Виза за приклучување деца кон родители
- Виза за барање работно место
- Виза за стручно образование
- Останати видови на визи
Закажете термин за поднесување на барањето
Овде, во секое време, имате можност да се регистрирате во списокот со термини. Секогаш се доделува најраниот можен термин.
Резервацијата на терминот од страна на трети лица, а не од Вас лично, не е потребна и е бесмислена.
Кога ќе се регистрирате за термин, имате можност да одберете меѓу повеќе јазици. Ако сакате електронскиот одговор на Вашето барање за термин да биде на македонски и/или англиски јазик, тогаш одберете ја англиската верзија при регистрирање за термин.
Ако сте ја одбрале германската верзија, електронскиот одговор односно потврдата за Вашата регистрација ќе го добиете на албански и германски јазик.
Откако се регистриравте во списокот, во рок од 30 минути ќе добиете првична потврда по електронски пат со други информации за постапката и повикувачки број.
Откако Вашиот термин ќе биде утврден, автоматски ќе добиете известување за точниот термин за поднесување на визното барање (потврда на терминот).
ВАЖНА НАПОМЕНА! Да резервирате само ЕДЕН термин по лице! Во случај на повеќекратно резервирање термин за едно лице, истото ќе биде избришено од списокот со термини!
Внимание: Несериозни визни агенции!
Амбасадата не соработува со посредници или агенции. Особено тие немаат посебен пристап кон доделувањето на термини. За постапката се плаќа исклучиво визната такса, која ја наплаќа Амбасадата. Обрасците и упатствата како и резервацијата на термините се бесплатни.
Адреса:
ул. Леринска 59
1000 Скопје
Работно време на визното одделение:
понеделник – петок: 08:00 – 11:00 часот
понеделник – четврток: 15:00 – 15:30 часот
петок: 12:00 – 12:30 часот
интернет: www.skopje.diplo.de
подигање на визи: е – пошта: [email protected]
закажување на термин: www.skopje.diplo.de
факс: 00389-2-3093-888