Внимавајте – водата во фонтаните во Италија не е безбедна за пиење!

Анализата на водата за пиење од јавните чешми низ 35 градови во Италија, покажала дека во два градови водата е загадена. Земените примероци од водата биле испитувани во однос на тврдоста, нивото на калциум, сулфур, флуорид, тешки метали и траги од загадување.

Студијата покажала дека примероците од двата најголеми градови во Италија, Џенова и Фиренца, содржи високо ниво на олово. Примероците биле земени од фонтани на плоштадите Коломбо во Џенова и Дела Сињора во Фиренца.

Иако според сегашните закони безбедното ниво на олово во водата е ограничено на 10 микрограми на литар, сепак примероците земени од Џенова покажаа речиси три пати поголемо количество. Додека пак примероците земени од Фиренца, содржат олово кое е повеќе од пет пати над границата.

Во писмото испратено до локалните власти во Фиренца, граѓаните изразија загриженост: „Контамираната вода е на располагање на илјадници туристи кои секој ден минуваат низ плоштадот Дела Сињора.” – објави Il Fatto Alimentare.

Труењето со олово се случува кога крвта содржи ниво на олово повисока од 10mg на литар за возрасни, а 5mg за деца. Симптомите варираат во зависност од степенот на изложеност, но вклучуваат мускулна слабост, болки во стомакот и гадење. Долгорочното внесување во организмот може да предизвика напади, кома па дури и смрт.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија