Дали би живееле во град во кој нема сонце?

Лоциран на околу 320 километри северно од арктичкиот круг, гратчето Тромсо во Норвешка е дом на екстремна варијација на светлината помеѓу годишните времиња. Во текот на поларната ноќ, која трае од ноември до јануари, сонцето воопшто не изгрева. Деновите постепено се зголемуваат до периодот на полноќно сонце кое трае од мај до јули и воопшто не заоѓа. После полноќното сонце, деновите повторно стануваат сè пократки сè до поларната ноќ. На тој начин се повторува годишниот циклус.

Тромсо е мал остров, со приближно иста големина како Менхетен. Дом е на околу 70.000 жители, што го прави втор најголем населен град северно од арктичкиот круг. Овој град е опкружен со планини и фјордови на сите страни, па додека сте таму, имате чувство дека сте изолирани од светот. Има три главни улици со продавници и неколку кино сали, па повеќе наликува на мала населба. Но, Тромсо има и свој универзитет, за кој веќе сигурно претпоставувате дека е најсеверниот универзитет во светот.

И покрај темнината на градот, последните истражувања покажуваат дека жителите на Тромсо имаат најниска стапка на депресија во зимскиот период. Помалку отколку што се очекува со оглед на зимскиот период и високата географска ширина.

Тромсо изобилува со воодушевувачки пејсажи. Поларните ноќи и сините периоди го бојат градот во една посебна магија.

polarni-noki

sini-periodi

Но, и покрај удобниот живот кој може да ви го пружи овој норвешки град, не секој може да живее таму. Дали вие би живееле во град во кој нема сонце?

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија