За сега се избрани три пораки што им стојат на располагање на производителите на возила:
– За кратки дестинации пешачи или вози велосипед.
– Размисли за возење заедно со други луѓе.
– Секој ден користи јавен превоз.
Ова важи за сите типови реклами: новини, интернет, радио, телевизија, а пораките мора да биде јасно видливи, или кај радиото јасно да се слушаат. Плус во одредени случаи треба да биде содржан и хаштагот #SeDéplacerMoinsPolluer (Движи се без загадување).
Непочитувањето на новото правило ќе чини 50.000 евра.
Се проценува дека на приватните возила отпаѓаат 15% од стакленичните издувни гасови во Франција. Земјата претходно вети дека до 2040 ќе престане со продажба на нови бензиски и дизел возила, а Париз веќе има забрана во центарот на градот за возење стари возила кои повеќе загадуваат.
Министерката за еколошка транзиција, Барбара Помпили, објаснува дека борба против загадувањето не значи само да се возат што е можно повеќе електрични автомобили, туку и кога е возможно воопшто да не се користат автомобили и наместо тоа да се користи пешачење, велосипед или јавен превоз.
За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Франција