Германија има недостиг на медицински персонал, 75 отсто од болниците не можат да понудат целосна медицинска нега

Болниците во Германија се соочуваат со тоа што се поголем број персонал отсуствува поради зараза со коронавирус или поради потребата за престој во карантин.

Претседателот на Здружението на болници, Гералд Гас за германските медиуми изјави дека болниците повеќе не се во можност да понудат целосна медицинска нега.

Актуелните истражувања покажуваат дека 75 отсто од болниците веќе не се во можност да ги нудат своите вообичаени услуги, а причината е недостигот на персонал поради заразеност со коронавирус, карантин или поради контакт со пациенти.

Истовремено, има рекордна пополнетост на болничките кревети со ковид пациенти на  одделенијата.

„Се предвидува дека ситуацијата нема да биде подобра во наредните недели. Единствено позитивно е што нема зголемување на бројот на пациенти на интензивна нега“, објасни Гас.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија