Германија се подготвува да почне вакцинација против новиот коронавирус пред крајот на годината, објави Билд.
Министерството за здравство планира да формира 60 специјални центри каде што ќе се вршат вакцинации. Според Билд, Министерството побарало од 16 сојузни држави да достават можни адреси на тие центри до 10 ноември.
Германскиот министер за здравство Јенс Шпан претходно изјави дека очекува вакцината против Ковид-19 да биде готова во првиот квартал од следната година. Тој додаде дека германски BioNTech е близу до добивање одобрение за својата вакцина.