Податоците на Евростат покажуваат дека дозволите за престој што Германија им ги издава на албанските граѓани почнале значително да се зголемуваат од 2018 година, со што ова земја станува нов рај за нив.
-Во таа година над 10 илјади албански граѓани добија дозволи да живеат и работат во најголемата економија во Европа. Во 2019 година нивниот број надмина 12 илјади. Во 2020 година, и покрај пандемијата и строгите ограничувања на движењето, беа издадени околу 8.300 дозволи за престој, пренсува весникот Mонитор.
Севкупно, од 2008 година, кога албанскиот институт за статистика, ИНСТАТ, почна да ги објавува податоците, Германија издала вкупно 48,5 илјади дозволи, при што 64 отсто од нив биле дадени во периодот 2018-2020 година.
Во претходните години, Германија не даваше приоритет на албанските граѓани. На пример, во 2011 година, првата година кога беа укинати визите за движење во земјите на ЕУ, Германија издаде само 350 дозволи за престој за албански државјани.
-Во 2020 година, Германија за првпат беше рангирана како втора земја за дозволи доделени на албански државјани, со 22 отсто од вкупниот број, потоа Италија со 34 отсто и Грција со 20,6 отсто. Историски, Италија и Грција се двете најпосакувани земји за Албанците кои сакаат да живеат и работат во странство.
Гледано одделено граѓаните кои добиле дозволи за престој од семејни причини, покажуваат дека во 2019-2020 година тие заминуваат главно како семејства, додека речиси 40 отсто од дозволите се дадени на деца под 14- годишна возраст, се наведува во анализата на весникот.
Во Германија најмногу заминале лекари, средно медицински кадар и ИТ инжинери.
Статистиката на Евростат потврдува дека од 2008 до 2020 година има околу 700 илјади албански државјани кои добиле дозвола за престој во една од земјите на Европската унија.