ПочетнаАктуелноГерманија ќе им помага на осамените

Германија ќе им помага на осамените

Германското Министерство за семејство планира да работи на стратегија против осаменост кај жителите.

На стратегијата ќе работат претставници од Министерството, како и здруженија и експерти од областа.

Таа треба да биде готова до крајот на мандатот на актуелната влада.

– Осаменоста погодува многу луѓе. Постарите, кои останале сами по смртта на партнерот и имаат малку пријатели, често не се подвижни и не може да излезат од домот.

А сакаат со некого да разговараат, да зборуваат за своите радости и таги – изјавила министерката за семејство на Германија, Лиса Паус.

Таа додала дека и многу млади луѓе страдаат од осаменост, што се видело во текот на пандемијата.

Според неа, треба да се види како може да се спречи осаменоста, а проблемот треба да се анализира политички и научно.

Извор: факултети.мк

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Минхен

СЛИЧНИ СТАТИИ