Поскапуваат цигарите, електронските цигари и други производи во Германија

Новата регулатива во Законот за модернизација на данокот на тутун ќе стапи на сила во Германија на 1 јули. Ќе го зголеми данокот на никотин и е-течности кои се наоѓаат во електронските цигари.

Тоа ќе доведе до повисоки цени на електронските цигари бидејќи не само класичните цигари ќе подлежат на данок, туку и течностите содржани во електронските цигари.

Данокот е зголемен за 16 центи по милилитар е-течност. Тоа значи дека вообичаените електронски цигари наскоро ќе подлежат на данок од 1,60 евра по парче.

За две години 16 центи по милилитар ќе станат 20. Од 1 јануари 2025 година повторно ќе се зголеми за 6 центи, а од 2026 година ќе биде 32 центи по милилитар, пишува магазинот Феникс.

Електронските цигари сега се целосно забранети во многу земји. Мексико ја забрани продажбата на такви производи од мај 2022 година. Австралија, Израел, Јапонија, Саудиска Арабија, Аргентина и Бразил, исто така, ја ограничуваат продажбата или употребата на течности што содржат никотин.

Законот за модернизација на данокот на тутун првпат стапи на сила во Германија на 1 јануари 2022 година. Го зголеми данокот на тутунските производи.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија