ПочетнаАктуелноМакедонец за прв пат избран за член на берлинска локална Комисија за...

Македонец за прв пат избран за член на берлинска локална Комисија за интеграција

Првиот Македонец избран во Комисијата за Учество и Интеграција на Штеглиц-Зелендорф во Берлин (2022-2026) е Роберт Кленковски.

Со изборот на новиот Совет на општината Штеглиц-Зелендорф во Берлин, тој е дел од новоформирана Комисијата за Учество и Интеграција на Окружното Собрание Штеглиц-Зелендорф.

Покрај окружните пратеници, во комисијата членуваат и шест советници на граѓаните. Тие треба да ја одразуваат различноста на луѓето со миграциско потекло во заедницата.

Роберт Кленкоски е првиот Македонец што е избран во Комисијата за Учество и Интеграција на Окружното Собрание Штеглиц-Зелендорф во Берлин.

Во следните четири години г. Кленкоски ќе има право на глас во работата на Комисијата за Учество и Интеграција.

,,Централниот совет на Македонците им го честита изборот на сите членови и им посакува успешна и конструктивна соработка”, се вели во известувањето на асоцијацијата на Македонците во Германија.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Минхен

СЛИЧНИ СТАТИИ