Дали е можно Arbeitslosengeld од Германија да се прима во странство?

Работевте во Германија и останавте без работа? Под одредени услови, имате право и на Arbeitslosengeld, т.е. компензација за невработените, која ви ја плаќа Arbeitsagentur, односно државната агенција за вработување.

Откако аплициравте, почнавте да добивате Arbeitslosengeld, но поради некоја причина сакате да ја напуштите Германија и да барате работа на друго место, или решивте да го сторите тоа веднаш откако ќе ја изгубите работата во Германија. Во тој случај, дали имате право да продолжите да добивате надоместок за невработеност? Еве го одговорот.

Доколку сакате да барате работа во некоја од земјите на Европската унија ЕУ или Швајцарија, Норвешка, Исланд или Лихтенштајн, имате можност да продолжите да примате Arbeitslosengeld од Германија таму.

Секако, постојат некои основни услови и за тоа, имено:

  • во Германија мора да се пријавите како невработено лице
  • да имате германско државјанство или државјанство на една од споменатите земји
  • кога ќе ја напуштите Германија, има период на чекање од најмалку четири недели

Под овие услови, германскиот додаток за невработеност можете да го добивате најмногу три месеци, а во исклучителни случаи најмногу шест месеци. Многу е важно лицето кое сака да добие германски додаток за невработеност мора да поднесе барање за Arbeitslosengeld во својата германска агенција за вработување пред да ја напушти земјата.

Најдете повеќе корисни информации на arbeitsagentur.de

Текстот е авторска сопственост и неговата содржина не смее да се превзема во целост или делови без претходна согласност од авторот или порталот Емигрико.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија