Данска планира да воведе измени во Законот за државјанство

Данската влада ја разгледува можноста за измени во Законот за државјанство, со што ќе ја отежни самата постапка, но и нема да им дозволи државјанство на оние странци кои ги исполнуваат сегашните услови. 1.950 странци кои требаше да добијат државјанство во октомври, најверојатно нема да го добијат, доколку стапат во сила новите измени.

Министерката за интеграција Ингер Стојберг, за Политикен изјави дека размислува за промени во барања на Данска, што може да резултира со ускратување на правото на државјанство на речиси 2.000 странци.

Сегашните кандидати за државјанство ги имаат положено потребните јазични курсеви, тестови за државјанство и веќе ги поминале потребните проверки, но најверојатно ќе бидат подлежни на нови, построги барања кои би можеле да се применуваат ретроактивно.

Антиимиграциска Данската народна партија (DF) силно се залага построгите барања за државјанство да бидат изгласани пред октомври, кога кандидатите треба да добијат државјанство. Во однос на построгите правила, DF сака да ги зголеми јазичните барања, така што идните државјани треба да го положат ниво 3, наместо ниво 2, како што беше досега.
„За нас, данското државјанство е нешто посебно, па било какво намалување на правилата за добивање, е нешто што ние не го поддржуваме“, изјави Кристијан Лангбел од Народната партија.

Според данските закони, странците можат да добијат државјанство само два пати годишно – во април и октомври. Собранието добива листа со имиња на сите лица кои се квалификувани за државјанство, а целата постапка обично поминува само како формалност.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија