Држави со највисока просечна плата

Просечната плата е онаа која го покажува животниот стандард на една држава. Секако, постојат и други фактори кои треба да се земат предвид, како висина на трошоците за живот, даноците кон државата, осигурувањето и слично. Но сепак, високата просечна плата зборува за квалитетот на животот во земјата. TheRichest направи листа на држави кои имаат највисока просечна плата. Платите се дадени на годишно ниво, откако ќе се одземат трошоците за даноци.

Ова се топ 10:

10. Холандија (29 269 долари)
Просечниот годишен приход изнесува 47 056, од кои се одбиваат околу 37,8 проценти. Холандија е држава чија локација е стратешки одлично поставена, истовремено опфаќајќи ги британските, но и германските пазари. Во оваа земја се наоѓа најголемото пристаниште во Европа.

9. Јужна Кореја (31 051 долари)
Ова е највисоко рангирана земја од Азија. Почнувајќи од 60тите години на минатиот век, оваа држава има брзорастечка економија. Таа е шестиот најголем извозник и десетиот најголем увозник во светот. Исто така, Јужна Кореја е петиот најголем производител на атомска енергија. Просечната плата изнесува 35 406 долари годишно, од кои 12,3% се задржуваат за даноци.

8. Норвешка (31 101 долари)
Земја богата со ресурси како нафта, риба, шуми и минерали. Има бесплатен и многу ефикасен здравствен систем, а невработеноста е на ниско ниво. Просечната плата е 43 990 долари, од кои се задржуваат 29,3%.

7. Канада (32 662 долари)
Канада е една од ретките развиени држави во светот кои не извезуваат енергија. Има богати наоѓалишта на нафта, а производител е на земјоделски производи, цинк, ураниум, злато, никел, алуминиум. Просечната плата изнесува 42 253 долари, од кои се задржуваат 22,7%.

6. Велика Британија (33 513 долари)
Најважни сектори во оваа држава се услужниот сектор и туризмот. Лондон е најпосетениот град во светот и е важен финансиски центар. Просечната плата е во висина од 44 743 долари, од кои се задржуваат 25,1%.

5. Австралија (34 952 долари)
Австралиската економија бележи голем напредок во последната деценија, насочувајќи се кон поголем извоз на стоки. Просечната плата е 44 983 долари, од кои се задржуваат 22.3% за даноци.

4. Швајцарија (35 471 долари)
Оваа држава има силен производствен сектор во кој се фокусира на фармацевтските производи, хемиските препарати, мерните инструменти и музичките инструменти. Нејзината економија исто така напредува заради банкарството, осигурувањето, туризмот, како и меѓународните организации. Годишниот приход изнесува 50 242 долари, со одбивања во висина од 29,4%.

3. Луксембург (37 997 долари)
Најважните сектори во оваа држава се банкарството и финансиите. Исто така, значајни за Луксембург се и челичната индустрија, производството на хемикалии, гуми и други производи. Просечната плата изнесува 52 847 долари, од кои се одбиваат 28,1% за даноци.

2. Ирска (41 170 долари)
Ирска има високо образована работна сила и ниска даночна стапка. Нивната просечна плата изнесува 41 170 долари годишно, со задржувања за даноци од само 18,9%.

1. САД (42 050 долари)
САД се најголемиот увозник на стоки во светот и втор најголем извозник. Просечната плата е 54 450 долари, од кои се задржуваат 22,8%.

За повеќе вакви и слични информации придружете ни се во нашата фејсбук група Македонци во Германија

Приклучете се на БАРМЕР, надоброто здравствено осигурување во Германија